Пристигна лоша вест: Андреј од ДНК го загуби животот во пожарот во кочанската дискотека

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот.

Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.

И младиот музичар, тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар што избувна рано утринава во дискотека во Кочани.

Сѐ уште се трага по вонр.проф.м-р од Факултетот за музички уметности, Сара Пројковска, која е пратечки вокал во ДНК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде