Граѓаните ја каменуваа општината, се бара градоначалникот на Кочани

Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш низ Кочани на кој побараа одговорност за 59-те лица кои загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Маршот почна од паркот во Кочани од каде граѓаните извикувајќи „убијци“ и „секој еден може да е следен“ и дојдоа до општинската зграда.

Дел од присутните почнаа да ја каменуваат Општината, удираа по вратите и прозорците од објектот и го повикуваа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе надвор.

Градоначалникот вчера не излезе на местото на трагедијата, не се појави во јавност да изрази сочуство ниту беше во болница да ги посети повредените. Дури утрово на својот фејсбук профил напиша дека поднесува оставка и побара од институциите да ја испитаат одговорноста за пожарот во неговиот град.

Министерот Панче Тошковски денеска кажа дека во СВР Скопје и СВР Тетово се приведени 5, а во Штип 13 лица, меѓу нив и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот, членови на обезбедувањето, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот -дискотека без дозвола за работа. Одреден е краткотраен притвор за 11 лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде