ЈП Македонијапат вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.).
Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка (2-10см).
Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.