Нов инцидент на улиците се случил вчера во Тетово,
кога возач со автомобил „Голф“ удрил во велосипед на кружен тек на булеварот „Маршал Тито“ во градот, а потоа избегал од местото, соопшти МВР.
„На 16.03.2025 околу 14:35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово“, пишува во полицискиот билтен.