Марија со години работеше во клубот Пулс, тука и згасна нејзиниот живот – најблиските се збогуваат од неа

Големата трагедија што се случи во Кочани го зави во црно овој град, па и цела Македонија, а потресен е и регионот.

Бројни новинарски екипи од соседството, но и од целиот свет се присутни на лице место и известуваат за големата несреќа и последиците од неа, но и за младите жртви што настрадаа во страшниот пожар што се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март.

Една од нив, како што објавија и медиумите од соседството, е и убавата Марија Шопова која со години работеше во ноќниот клуб „Пулс“.

Таа најверојатно кобната вечер била на работа во дискотеката, а по несреќата нејзините родители неуморно ја бараа.

На социјалните мрежи нејзините другарки со голема болка се збогуваат од неа, а некои споделуваат заеднички црно-бели фотографии.

Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани настрадаа најмалку 59 жртви.

Несреќата се случи откако прскалките кои биле користени како светлечки ефекти на концертот на ДНК, го запалија таванот на клубот, по што пожарот брзо се прошири и го зафати целиот простор.

Извор: Гламур

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде