Георги Величков е само една од жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Застрашувачките детали за неговата смрт ги раскажал роднина, за српски Информер.
Тој спасувал луѓе од пожар, а потоа и самиот загинал. Секоја нова вест од Кочани е се полоша и полоша. Семејствата на жртвите постојано излегуваат со нови детали за нивните жртви.
Георги Величков беше херој кој успеа да излезе од дискотеката, но неколку пати се враќаше за да спаси други млади.
– Беше во група која славеше раѓање на дете. Се враќал два-три пати за да ги извлече луѓето, а потоа го удрила струја кога се урнал покривот на дискотеката. Неговиот татко го препознал по бурмата. Зад себе остави двомесечно дете“, рекол неговиот братучед.
Во Кочани на плоштадот сè уште доаѓаат претежно млади да се потпишат во книгата на жалост и да запалат свеќи.