Од обвинителството за Инфомакс потвррдија дека во непосредна близина на дискотеката на само 50-тина метри се наоѓал нелегален склад за гориво и бензиска пумпа кој само поради моментални околности не експлодирал.
-При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, велат од обвинителството за Инфомакс.
Претходно за ова пишуваше „Информер“ со наслов: Mожело да биде кренат во воздух целиот град Кочани.
Имено, сопственикот на дискотеката има затрупан резервоар за нафта на околу 50 метри, а според мештаните таму наводно има околу 10 тони нафта.
На „Информер“ му го покажаа местото на наводно нелегално ископаниот нафтен бунар, а како што кажале локалните жители, само од чиста среќа целото место не било крената во воздух.