Синоќа околу 21 часот во населбата Љубиќ кеј во Чачак се случи двојно убиство.
Според информациите кои како што пренесувааат тамошните медиуми се уште не се официјално потврдени, синот е осомничен дека со нож ги убил татко си и мајка си.
– Телата се пронајдени во станот, а осомничениот син е пронајден три часа подоцна во селото Сврачковци.
Се претпоставува дека пеш тргнал кон Белград – раскажува за РИНА извор запознаен со случајот.
Според првичните инфомации во написите, убиениот бил истакнат лекар од Чачак.