За Иле велат беше невозможен човек. Нашиот Иле беше и ќе остане еден од најдобрите возачи и работници во нашата болница, комплимент кој често му го даваа – Комеморација во чест на Иле Гоцевски

IN MEMORIAMДенес во 11 часот во просториите на нашата установа се одража комеморација во чест на прерано згаснатиот живот на нашиот возач на ИМП, Иле Гоцевски.

Целиот персонал на болницата низ солзи се опрости со нашиот колега, со еден говор кој го одслика неговото дело.

-За Иле Гоцевски велат беше невозможен човек.
Цел создаден само од добрина.
Беше и нежен и суров.
Ранлив и чуствителен, но понекогаш и со остар јазик, и тоа секогаш го правеше речито, шармантно, ѓаволски духовито, да неможете да му се налутите никогаш.
Нашиот Иле беше и ќе остане еден од најдобрите возачи и работници во нашата болница, комплимент кој често му го даваа.
Неговиот влог за нашата болница е голем, човечноста и ведриот дух, непроценлив. Ништо нема да е исто без тебе.
Иле беше и ќе остане ВРЕДНОСТ не само за нас, туку и за сите оние на кои им помогна, ги заштити, ги спасуваше, и на крајот ѓи поведе кон рајските порти за да не бидат сами.
Едноставно на некои луѓе им е судено да бидат ХЕРОИ, а ти Иле тоа и беше.
Тоа веројатно е единствено верување за нас по твојата загуба , но знаеме дека не е добро.
Иле, брат наш, колега, соработник, другар, родител, сопруг, син… продолжи да го правиш истото ова и на небото, ЧУВАЈ НЕ!!!
Почивај во мир, ангелу наш🖤, стои во објавата на кочанската болница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде