Попладнево во полициска станица во Центар, на информативен разговор, по големиот собир на плоштадот „Македонија“, беа повикани главниот уредник на ТВ21, Ерол Шакири и новинарот и уредник на вести, Јовица Пауноски.
Објаснувањето на полицијата било дека се повикани затоа што оделе во живо со снимки од дрон кој тежел повеќе од дозволеното, но и во моментот имало активна забрана за дронови во Скопје.
Во станица покрај полицијата, имало и инспектори од Агенцијата за национална безбедност.