„Овде државата ја молам сега да биде криминалец! Штом заврши истрагата на терен, да влезат багери и да го срамнат со земја овој објект – На местото да се засадат високи јаблани 59“

Фејсбук објава на Biljana Bogdanovska:

Овде државата ја молам сега да биде криминалец! Штом заврши истрагата на терен, да влезат багери и да го срамнат со земја овој објект – магацин, штала, шупа…дискотека! (НЕ БАРАЈТЕ СОПСТВЕНОСТ И ДОКУМЕНТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА!!!)

На местото да се засадат високи јаблани 59 (дај боже да не бидат повеќе)!

Да се засади парк, со најмиризливите цвеќиња и дрвја! (Земете ако сакате експерти од Британија, од Јапонија, од Холандија (тие ги имаат најдобрите хортикултурни експерти)

За сите кои ќе поминат од тука, тие кои живеат и работат во околината, децении од сега да не мирисаат изгорено месо, солзи и воздишки!

Туку да ја наполнат душата со животен мирис, со птичји пој, со пчелин зуј!

Оти само ПРИРОДАТА ДАВА ЖИВОТ!

Се покажа дека ние знаеме само да го одземеме!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде