Страотна несреќа вечерва во Србија – три лица загинаа

Тројца луѓе загинаа вечерва во сообраќајна несреќа во близина на српскиот град Зрењанин, на патот меѓу селата Меленци и Башаид, соопшти полицијата, според српските медиуми.

Како што е соопштено, вечерва во 18 часот и 25 минути полициското одделение во Зрењанин било известено дека на патот

на излезот од Меленци кон Башаид се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и еден трактор.

Два од автомобилите по судирот се запалиле и досега е потврдена смртта на тројца луѓе, додека уште четворица се повредени, од кои двајца имаат тешки повреди.

Полицијата, пожарникарите и брзата помош по пријавувањето веднаш излегле на местото на несреќата, а увидот е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде