Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани денес доживеа удар, објави Метропола.мк
Тага, болка, неверување, шок…. така беше и денес во Кочани по трагедијата во неделата.
Како што е познато за жал ден по истата почина шоферот на Брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски на 41 година.
А денес уште еден шок. Уште еден млад шофер на Брзата помош од Кочани доживеал удар (мозочен или срцев).
За среќа тој преживеал и е хоспитализиран во болница.
Шоферите,сестрите, болничарите и докторите во кочанската болница се на крајни сили, како физички,така и психички.
Извор: Метропола.мк