Јордан Митев: Последен пат кога бев во Германија се воодушевив на големиот професионслизам што владее таму. Одговорниот на салата, вработен од општината, со метро во раката ги провери…

Македонскиот фолк-пејач и композитор, Јордан Митев, не остана рамнодушен пред огромната трагедија што ја потресе цела Македонија.

Тој со длабока тага и сочувство зборуваше за невино загубените животи во кобната ноќ во дискотеката во Кочани.

Покрај искрената болка, Митев отворено ја изрази својата огорченост и револт кон долго присутната апатична реакција во нашето општество, често сведена на реченицата „Добро е, ќе помине“.

„’Нашиот’ аматеризам, непрофесионализам, лажни вредности, вреднување и воздигнување на невредните, замижување пред неправдата, користење на политиката за прикривање на сопствените слабости и недостатоци и тн и тн.. не уништија.

Последен пат кога бев во Германија по не знам кој пат се воодушевив на големиот професионслизам што владее таму. Одговорниот на салата, Германец вработен од општината, со метро во раката ги провери сите маси дали се точно распоредени, поставени според дозволените димензии. Не поминува таму скоро ништо на шашма, за разлика од кај нас, “Ајде бе, добро е”.

Е ќе помине можеби 20 пати, но на 21от кога ќе се случи нешто тогаш ќе го земе данокот и за останатите 20.

Голема трагедија. Голема загуба за Кочани и за цела Македонија. Најголема загуба за семејствата. Сочувство до фамилиите“, пишува Јордан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде