ПРИВЕДЕНИ СЕ РАТКО ДИМИТРОВСКИ, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ И ЉУПЧО ПАПАЗОВ!

Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов исто така од ВМРО-ДПМНЕ, кој си даде оставка по трагедијата во Кочани, објави Инфомакс.

Засега нема точни детали, меѓутоа градоначалниците се приведени поради трагедијата која се случи во Кочани на 16.03.2025 година во која загинаа 59 лица, а повредени се околу 200.

Кобната дискотека работела од 2012 година, мандатот на Ратко Димитровски, а работеше се до кобната ноќ.

Од ОЈО ја потврдија акцијата.

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, соопштија од ОЈО.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде