Моника Зајкова се прости од својот голем пријател Филип Стефановски кој загина во големата трагедија во Кочани.
„Се запознавме преку некое исто друштво во средно, ти со тромбонот, јас со виолината.
Од тоа друштво јас и ти станавме најдобри другари. Се сеќавам на времето уште кога се баравме на фиксен телефон да се договориме кај ќе скитаме.
Бевме не само другари, но брат и сестра.
Јас тебе братче, ти мене “дебела”…
Најубавите дружења и најискрените насмевки.
Патиштата ни се раздвоија во универзитетските денови. Кога неодамна се видовме пак се чинеше како да не поминало времето и пак истото: ,,Дебела шо правиш бе со политиката, дојди на свирка опушти се малце.”
Не стигнав да дојдам братче, само ти испраќав поздрави по нашите заеднички пријатели…
Кога ги видов вестите одма ти пишав со надеж дека си добро… Одговор нема ни да има….
Вечно ќе те памтам по твојата голема душа, широка, искрена насмевка и времето што го поминавме во дружење…
Свири Фичо со ангелите, овој свет можеби беше премал за преголема душа како тебе….
Господ нека ви го осветли патот на сите..“