„Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија – јави дописникот на МИА од Белград.
Сите повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижении добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство.
Од вкупно 178 повредени, како што информира вчера Министерството за здрaвство, во јавните здравствени установи во државата се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.