Српските и дел од македонските медиуми срамно и крајно неетички споделуваат содржини од денешниот погреб во Кочани.
ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од погребите во Кочани!
ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика.
Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица.
Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство.
Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство.