Марија Тасева која е една од оние кои се спасија од хоророт во Кочани, објави емотивен и потресен пост за својата сестра Лепа, која трагично го загуби животот во дискотеката Пулс, кобната ноќ кога настапуваа ДНК.
-Не требаше вака да биде сестричке, сега почнаа твоите најубави години. Се вратив по тебе во диското за да те најдам, ама не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам.
Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама битно заедно ќе бевме. Извини што не можев да влезам, извини многу.
Ми кажа дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме чуваш, ќе бидеш до мене. Ама на неочекуван начин не’ напушти, да знаев дека последен пат ќе те видам во диското, ќе те гушнев и ќе горевме заедно. Оваа болка не се издржува.
Ја закопавме мама, а сега тебе те закопувам, која судбина ја имам на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш во моето срце сестричке, непребол…држете се со мама горе, НАЈМНОГУ ВЕ САКАМ, напиша Марија и се прости од сестра си на социјалните мрежи.