Потресно збогување од младата студентка што зaгина во пожарот – студираше медицина, сакаше да лечи луѓе

„Не успеа да го исполниш сето она што го замисли. Сакаше да лечиш луѓе и да им помагаш, ја започна својата мисија, но не ја заврши. Ќе се сеќаваме на тебе“, пишува во една од пораките за младата Кети чиј живот згасна во несреќата во Кочани.

Кети Милковска беше студентка по медицина, но за жал не и се оствари желбата да им помага на луѓето како докторка.

Имено, Кети беше една од настраданите во страшниот пожар што се случи овој викенд во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„За нашата Кети Милковска“, напиша една нејзина пријателка која објави и една нејзина фотографија и свеќи кои стојат до неа.

Покрај оваа фотографија таа сподели и една на која се гледа како насобрани сограѓани палат свеќи не само за Кети, туку и за сите останати млади што настрадаа во страшниот пожар.

„Не успеа да го исполниш сето она што го замисли. Сакаше да лечиш луѓе и да им помагаш, ја започна својата мисија, но не ја заврши. Ќе се сеќаваме на тебе“, пишува во една од пораките за оваа млада девојка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде