Благојчо, кој работел во минатото како обезбедување на дискотеката „Пулс“, побара од политичарите по итна постапка да донесе закон за потекло на имот.
Тој смета дека поради корупцијата се случи трагедијата во Кочани, во која починаа 59 лица.
„Вашата корупција нè погреба сите. Сè што крадевте 30 години, до денар да му вратите на народот Да имаше ред и закон, немаше сега да плачеме и да носиме црно.
Народот ќе плаче и ќе собира донации, а вие ќе крадете“, вели Благојчо.