УЖАС: Прегазено 12-годишно дете, со тешки повреди итно пренесено во болница

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу вчера 14.30 часот на бул. Партизански одреди во Скопје,

наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.

„Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ каде ѝ била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка“, се вели во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде