„Вие го запаливте пламенот, спремете се за оган“

Во Штип синоќа голем број граѓани излегоа на собир на кој им оддадоа почит на трагично загинатите во страотниот пожар во Кочани. Учесниците носеа транспаренти, цвеќе, свеќи и балони, како и слики на петтемина млади штипјани кои го загубија животот во кочанската трагедија.

На најголемиот транспарент, на челото на поворката, пишуваше: „Вие го запаливте пламенот, спремете се за оган“.

Еден од загинатите, фудбалерот Дамјан Танески, денеска требало да го прослави својот 19-ти роденден, беше кажано на собирот.

Другарите на Даме пуштија 19 бели балони за неговиот роденден. Потоа, кога луѓето од собирот пристигнаа на плоштадот, ги изгаснаа светлата на 10 минути, а штом тие повторно се запалија, беа пуштени црни балони и фрлени бели рози.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде