Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово била прегазена од товарно возило кое го управувал 20-годишен жител на селото Мала Речица, соопшти полицијата.
„На 20.03.2025 во 13:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово,
товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(20) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Ф.Д.(43) од Тетово.
Во несреќата со тешки повреди се здобила Ф.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово“, пишува во полицискиот билтен.