Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма, објави Катимерини.
Според Противпожарната служба, за инцидентот биле известени во 16 часот и 40 минути и засега нема информации за непосредна опасност по околните домови.
Нешто пред 18 часот жителите преку 112 биле предупредени да бидат на готовност, а вторпат да се евакуираат.
„Бидете внимателни и следете ги упатствата на властите“, гласеше првата порака, а неколку минути подоцна, поради близината на фронтот до Агиос Никитас, беше испратена уште една порака за евакуација.
„Ако сте во областа Агиос Никитас, оддалечете се кон Лефкада. Следете ги инструкциите на властите“, гласи друга порака.
Пожарот го гаснат 34 пожарникари со две групи планинари, 10 возила и еден хеликоптер.