Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот на „ДНК“, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Пред неколку дена Ана за прв пат се огласи по големата трагедија.
-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја.
Остана само пепел и празнина….., а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ, напиша тогаш Ана на социјалните мрежи.
Денеска објави уште еден емотивен пост.
Објави заедничка фотографија со Сара Пројкоска под која напиша стих од еден од хит-рефрените на „ДНК“ (..јас и ти ко едно тело..)…
