Трагедија: Во сообраќајка со мотор загина познатиот пејач од Ѕвездите на Гранд

Почина пејачот Предраг Пеѓа Бошњак на 34-годишна возраст. Тој беше познат на пошироката публика по учеството во музичкото шоу „Ѕвезда Гранда“.

Според информациите, трагичната несреќа се случила кај Палиќ, во Србија. Пеѓа Бошњак управувал мотоцикл кога изгубил контрола и паднал. Несреќата се случила вчера околу 16:35 часот на обиколницата околу Палиќ.

Со тешки повреди, пејачот веднаш бил пренесен во Општата болница во Суботица. И покрај напорите на лекарите, тој починал вечерта. Се претпоставува дека причина за несреќата била неприлагодена брзина.

Веста за неговата смрт ги потресе неговите бројни пријатели, колеги и обожаватели.

Тие преку социјалните мрежи изразуваат жалење и се простуваат од талентираниот пејач. Многумина ќе го паметат по неговиот препознатлив глас и харизма со која зрачеше.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде