Илјадници луѓе вечерва учествуваат на протест преку кој се бара одговорност за сите вмешани во трагедијата во Кочани, која одзеде 59 млади животи.
Протестната поворка, која ја обезбедуваат голем број полицајци, тргна од плоштадот „Македонија“ во Скопје,
а ќе заврши пред Владата, каде учесниците најавија молк, по што ќе се обратат говорници.