Видевски негира дека учествувал во убиството на Вања и Панче

Боре Видевски, каратистот од Велес, кој е еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеше на денешното рочиште. Тој за време на истрагата го призна злосторството, но по неколку дена се предомисли и го смени исказот.

Па така и денеска, за разлика од Велибор Манев, кој имаше признание за двојното киднапирање и убиство, негираше било какво учество во ова злосторство.

На прашањето на неговиот адвокат, што правел на 21, 22 и 23 ноември, кога се подготвувало киднапирањето и убиството на Панче Жежовски, тој рече:

-На 21-ви бев на работа. Вечерта бев на слава, бев дома. На 22-ри бев на работа, како и на 23-ти. И на 24-ти бев на работа, рече Видевски.

На прашањето каде се наоѓа на 25, 26 ноември, односно вечерта пред грабнувањето на Вања, обвинетиот рече дека бил во Велес.

– На 26-ти Велибор ми се јави дека треба да одиме за Скопје. Дојде со колата и ме зема. Отидовме во просторијата на партијата. Палевски имаше поткаст, и затоа подоцна отидовме. Разговаравме и се задржавме многу доцна. Преспавме, станав кон 10 часот и си отидовме за Велес, рече Видевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде