Бившиот газда ја следел, па ја застрелал, по што си го одземал животот: Голема трагедија го потресе регионот

Неџмије Х.(42) во Вуштри на северот на Косово е убиена, а во неа пукал Арсим М.(58), кој потоа си го одземал животот.

Според извештајот на „Клан Косова“, осомничениот бил сопственик на пекарата каде што претходно работела жртвата. Наводно, тој ја следел откако таа завршила со работа претходниот ден.

Жртвата влегла во возило, со кое била превезена на оддалеченост од три до четири километри, пред трагичниот настан што се случил во подземен премин во селото Становце. По инцидентот, осомничениот си го одзел животот.

Првичните информации укажуваат на можност дека жртвата неодамна го напуштила претходното работно место, каде што работела со сопругот околу пет години, и се вработила во друга пекара, лоцирана спроти нејзиното претходно работно место во Милошево, објавуваат албанските медиуми.

На местото на трагедијата пристигнал и нејзиниот сопруг, со кого имала две деца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде