ВОНРЕДНО: Голема полициска акција во Македонија – првични информации

Според досегашните информации, полицијата спроведе акција во селото Џепчиште, Тетово, при што е уапсен поранешниот директор ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, како што објавуваат медиумите на албански јазик.

Моментално, причините за неговото апсење не се познати, но се очекува во текот на денот да има повеќе информации во врска со овој случај.

Извори на ТВ21 информираат дека денеска се уапсени поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, Дрилон Зибери, раководител на одделението за плаќање и контрола на уплатни места, Ејуп Латифи, помошник директор за одржување на патиштата и Џемал Билбиловски, сопственик на осигурителната компанија „2СС“.

Според истите извори, оваа недела се очекува да има најмалку 15 уапсени, сегашни и поранешни функционери во повеќе институции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде