На 25.03.2025 во 20.30 часот во СВР Тетово сам се пријавил С.Ј.(34) од Тетово.
Тој се сомничи дека околу 17.20 часот на улица „Иво Лола Рибар“, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, заедно уште едно лице физички го нападнал Ф.Ќ.(37) од с.Орашје, при што употребил и остар предмет и му нанел повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
С.Ј. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.