Огромна тага: Познат идентитетот на македонските државјани кои загинаа во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на Боскалто ди Лорегија, Италија.

Како што јавуваат италијанските медиуми, се работи за Фуат Етемовски (65) и Бајрам Бајрамоски (52) кои живееле со децении во Италија и биле работници во фабрика,

а се враќале со своето комбе дома по напорниот работен ден.

Фаталната несреќа се случила во 19 часот во вторникот на 25 март.

Третиот учесник во несреќата е тешко повреден, и според информациите, станува збор за државјанин на БиХ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде