Полицијата го приведе насилникот кој тепаше бремена жена во живо на ТикТок

На социјалните мрежи денеска се споделува видео од насилник кој тепа бремена жена во живо на ТикТок.

Од МВР потврдија дека насилникот е експресно приведен и однесен во полициска станица.

Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а извори велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.

На социјалните мрежи се шират повеќе видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена. Како што дознаваме против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде