Сиднијана Сатнаџело, латинската Мерлин Монро, како што многумина ја нарекуваа, е пронајдена во тешка состојба во нејзиниот дом.
Во понеделникот попладне од нејзината адреса била побарана итна медицинска помош, известена е и полиција, а актерката во најкраток можен рок била префрлена во болница. Сепак, лекарите можеле само да констатираат смрт.
Според локалните медиуми, замениците на шерифот на округот Лос Анџелес отишле во болница и дознале дека Синдиана неодамна примила инјекции за убавина во својот дом. Извор на TZM вели дека Единицата за убиства на LASD сега ја истражува нејзината смрт. Детективите ги чекаат резултатите од обдукцијата, а причината за смртта засега не е позната.
Сиднијана стана популарна во 1989 година кога танцуваше на безвременскиот хит на Young MC „Bust a Move“. Во видеото таа облекла шорцеви со знак „стоп“. На големото платно, Сиднијана се појави во „Homicide“ со Харисон Форд. Исто така, таа учествуваше во голем број музички спотови.
Таа играше во продукциите: „Married With Children“ како Сиера Мадре, беше танчерка во „The Jiggly Room“, а забележани се и нејзините ТВ настапи во „CSI: Miami“ и „ER“.
Латино дивата се повлече од јавноста во 2012 година, но нејзиниот живот не престана да интригира, а своето секојдневие им го покажа на своите следбеници на својот Инстаграм профил.
Во моментот на смртта имала 58 години, а според нејзиниот изглед и однесување неодамна ништо не можело да предвиди ваква несреќа.