Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, 25-годишниот Е.Б. додека го управувал својот мотор „хонда“ со скопски таблички изгубил контрола и излетал од патот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридкси“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, информираат од МВР.