Трагична вест го потресе регионот: Познат кошаркар пронајден мртов

Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде што бил пронајден мртов поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Владимир Машуловиќ.

Според информациите на српски „Телеграф“ 39-годишниот Машуловиќ бил пронајден во близина на тениски терени во Нов Белград.

Неговото тело го  пронашол случаен минувач кој веднаш ја информирал полицијата која отворила истрага.

Телото на Машуловиќ е испратено на обдукција каде што треба да биде откриена причината за смртта.

Исто така се наведува дека на неговото тело немало видливи траги на насилство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде