Дознајте дали некој ви направил ЦРНА МАГИЈА и како да се ослободите од неа

Црна магија или на латински: Мagia Malefica спаѓа под облик на магија чија задача е да нанесе несреќа, тага, голем губиток (здравствени, финансиски или дури и сакани личности или членови на семејството) па дури и убиство на оној кон кого е насочена магијата.

Терминот „Магија“ потекнува од персиското свештенство кое со помош на религиски обреди заземале значајна улога во општеството. Магијата претставува збир од различни методи со чија помош се совладуваат силите со кои се влијае врз објектот кон кого е насочена магијата.

Луѓето велат дека магијата постои од кога постои светот и векот и дека секој човек може да стане предмет на црномагиски ритуал. Магијата може да се почувствува, а некои ја опишуваат како многу лоша енергија која може да делува на катастрофални начини врз оној кон кого е насочена.

Како може да се препознае црната магија и зошто некој би ја користел? Светот е полн со пакосни и завидливи луѓе кои во желба да ја постигнат посакуваната цел, се вртат кон се’ и сешто само за да ги исполнат сопствените желби. Некои од освета, некои од завист, а некои поради материјална добивка.

Под црна магија спаѓа се’ она што некое лице му прави на друго лице против негова слободна волја, а тука спаѓаат:

  • магијање
  • баење
  • уроци
  • клетви
  • вуду магија

-влашка магија (магија во која се користат коски од мртви луѓе и/или животни, земја од гроб, лични предмети на лицето кон кого ритуалот е насочен).

Под црна магија некои го вбројуваат и палењето на свеќи за различни ритуали, како и отворање на Тарот карти и повикување на демони, духови на покојници, Некромантија.

СИМПТОМИ:

Како симптоми на црна магија, луѓето кои успеале да се спасат од неа, ги наведуваат следниве промени:

  • несреќа во семејството (ненадејна смрт, насилство во семејството)
  • необјасниви и ненадејни прекини на односите (кавги)
  • појава на ненадејни болести
  • несоница (чуден сон кој се повторува)
  • нагли промени во расположението
  • лоши услови на работа и континуирано влошување на состојбата
  • ненадејно прекинување на мислата сред реченица и губење на помнењето (расеаност)
  • ноќно потење и несовладлива сексуална желба во текот на спиењето
  • појава на необичен мирис кој се појавува повремено во просторијата каде најмногу престојувате
  • необјаснета нервоза и непотребни конфликти
  • континуирано одлевање на пари за ненадејни причини.

Ако ги имате повеќето од овие симптоми, најверојатно сте жртва на црна магија.

На жртвите на црна магија им се препорачува посета кај луѓе со искуство во елиминирање на истата. За „симнување“ на црна магија некои предлагаат изградба на талисмани и заштитни амајлии, а некои заштита од свештени лица (оџа/поп).

Христијаните, поповите и свештениците предлагаат исповед и молитви за светење (благослов) на куќата и причест на лицето за кое се смета дека е под влијание на црна магија. Се советува и кадење на куќата и носење на икони за заштита. Свештениците советуваат читање на Светото Писмо.

Некои луѓе кои биле под влијание на црна магија велат дека посетата на манастир позитивно влијае, исто како што делува врз сите оние кои посетиле свети места.

Често, поединци кои мислат дека се под влијание на црна магија настојуваат да му угодат на Бог со палење на свеќи и со редовна посета на литургија и на тој начин сметаат дека ќе го намалат ефектот на злото за кое веруваат дека ги опседнува.

Кај народот се познати унгарски, бугарски и руски ритуали за отстранување на црна магија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде