Се огласи Славчо Попоски: Дали сте подготвени? Eве какво време не очекува

Денеска во Македонија ќе продолжи серијата на влажни воздушни бранови од југозапад, и истите се во склоп со циклонската активност која се наоѓа токму југозападно од нас.

Во ваква ситуација кај нас повторно ќе имаме нови повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Ќе имаме пообилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (во форма на невреме), а не се исклучува можноста во текот на поинтензивните Атмосферски процеси да има и појава на град.

И во Скопскиот регион ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, пообилни утре (четврток 27 март) кога во делови од котлината тие би можеле да бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер (во вид на невреме).

На следниот линк веќе можете да ја следете алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист за секој граѓанин на нашата Република Македонија https://nothas.finki.ukim.mk/

Уште да напоменам дека за време на овој нов влажен бран од југозапад, денеска и тоа до доцните вечерни часови кон петок (28 март) локално повторно ќе наврне поголемо количество на дожд (над 25 литри на метар квадратен дожд).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде