Познатиот хуманист и професионален пожарникар Александар Горгиевски, во јавноста познат како Бате Аце, преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека официјално се откажува од членството во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја „злосторничко здружение и срам за македонскиот род”.
Во деновите на жалост (19ти март) , Владата склучила договор во вредност од 22.857. 964 денари (370. 000 евра) со фирма за маркетинг, која треба ѝ го измери рејтингот.
Ова е нешто што мора да се забрани со закон под итно !
Партија лидерот може да си нарачува истражувања за својот рејтинг ок е , но и да си ги плати од свои лични средства .
Влада не смее да користи пари од буџетот за да испита колкав процент од јавноста ја поддржува или не ја поддржува во вакви моменти ко нацијата е завиена во црно и ко преку донации лекуваме деца .
Ни 3.7 евра, а не 370.000 не смеете да трошите мамицата у пичка да ви ја еби цела Македонска нација од вашите редови сум и ми се гади од сите вас што едно време бевте гласни а денес за лични интереси си ќутите – бел ден да не видите у животот ( чипирани партиски паразити ) ќе се борам да паднете исто ко што се борев и со комуњарата исти сте нема разлика !
Од денес јавно пишам и официјално веќе не сум член на ова злосторничко здружување ДПМНЕ кое е срам за Македонскиот род Македонска нација додека дишам ќе се борам да паднете проклети да сте за век и векова БАГРО велепредавничка ги срамите четирите свети букви ВМРО не сте достојни за нив !, напиша Горгиевски на Фејсбук.