Претажно: Помеѓу загинатите во пожарот е и единственото дете на пожарникарите Стојка и Тоше од ДПД Кочани

Траорни приказни доаѓаат секојдневно од Кочани, по пожарот во кој згаснаа животите на 59 младинци, а околу 200 завршија со повреди.

Како што објави Фокус, помеѓу починатите е и Ивона Антова, која имаше само 21 година и беше единствено дете на своите родители Стојка и Тоше.

За ова семејство, кочанчани имаат само убави зборови. Планинари, големи хуманисти, кои на секој можен начин се труделе да дадат свој придонес во општеството.

За мајката на Ивона, Стојка, раскажуваат дека покрај тоа што била прв женски лиценциран планинарски водич на Истокот, исто така била и единствената жена-пожарникар во Доброволното противпожарно друштво Кочани.

И нејзиниот сопруг Тоше исто така бил дел од ДПД Кочани.

Целиот текст на ФОКУС прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде