Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека активирано е жолто ниво за локална нестабилност во два региони во државата.
Станува збор за пелагонискиот регион, како и регионот кај Струмица, Радовиш и Гевгелија.
Очекувањата се дека во текот на денот можни се поројни дождови, грмежи и засилен ветер.
