Славчо Попоски објави мапа: Еве во кои делови од Македонија се очекува да наврне најмногу снег

Метео анализа на Славчо Попоски:

Самиот почеток од април во нашата Република Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат.

Во ваква ситуација, на планинските и на Скијачките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите.

Барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, не се исклучува можноста во почетокот на април снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така провејување на снег можно е да имаме  и во повисоките населени места во западните  и во северните предели од нашата Македонија.

На Метеоролошката карта можете да ја видите очекуваната снежна покривка во нашата Република Македонија на самиот почеток на април, па така може да се види дека позначителна снежна покривка ќе се формира на планинските  и Скијачките места.

Исто така, април оваа година ни носи можност  и за нова појава на мразеви во утринските часови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде