Страотни сцени од Грција: Водата носи се пред себе (ВИДЕО)

Грчките власти денеска издадоа предупредување во повеќе региони во земјата поради обилни врнежи и невреме со град.

Поради невремето денеска ќе бидат затворени училиштата на Парос, Миконос, Родос, Кос и Сими, пренесува Катимерини..

Силно невреме ги погоди Кикладите и Евија во понеделникот попладне, а предупредување беше издадено и за островите во источниот дел на Егејското Море, вклучувајќи ги Хиос, Самос и Икарија.

Градоначалникот на Парос Костас Бизас утрово за грчката телевизија ЕРТ рече дека најголемиот проблем на островот бил вчера од 15 до 19 часот и најпогоден е градот Науса, објасни дека од невремето околу 39 автомобили претрпеле штети, а штети има на патната мрежа, со што, како што истакна е опасна за сообраќај на возила.

Дополнително посочи дека досега немаат видено толку обилен дожд на островот, а нагласи дека за среќа немаше повредени граѓани.

Во текот на вчерашниот ден поради обилни врнежи од дожд на Парос и Миконос, Противпожарната служба на Грција примила вкупно 160 повици за помош, а интервенирале за 13 лица да бидат пренесени на безбедни места на Парос.

Противпожарните сили на Миконос, биле зајакнати со двајца пожарникари со едно возило кои пристигнале од островот Тинос и четворица пожарникари со две возила од Андрос, додека на Парос пристигнале шест пожарникари со три возила од соседниот остров Наксос.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде