Најнова вест: Не движете во овие делови на Скопје, патиштата се целосно блокирани

Обилниот дожд и неисчистеното корито попладнево предизвикаа Маркова река да се излее и да предизвика поплави во село Батинци, општина Студеничани.

Освен поплави во домовите, поплавени се и голем дел од патиштата.

Патиштата кон Батинци, но и во населбата Пинтија, како и во село Таор и Долно Лисиче се целосно блокирани од вода, а пристапот е возможен само со трактор.

Исклучена е и струјата на неколку места.

Во опасност е и мостот кој ги поврзува Драчево и Пинтија.

Жителите на овие населени места се соочуваат со сериозни проблеми во транспортот.

Ситуацијата останува критична, а локалните власти со тешка механизација се на терен и работат на создавање насипи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде