Регистриран земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонскиот остров Кјушу, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 76 километри југоисточно од градот Мијаконојо и 54 километри југо-југоисточно од градот Ничинан, на длабочина од 14 километри.

Засега нема информации за потенцијални жртви или штети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде