Тело на маж пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа – приведени три лица

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Полициски службеници вчера лишиле од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено убиство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 18:25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44)  од село Луке, кривопаланечко.

Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.

Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово, посочуваат од МВР.

Од Министерството наведуваат дека по насока на јавен обвинител, телото  е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава .

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде