1,200 нови вработувања во здравствениот сектор

Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека се одвиваат процесите за 1,200 нови кадровски решенија во здравствениот сектор, како и за обезбедување инсулин.

Одговарајќи на прашања од новинарите на денешната прес-конференција во Владата, тој истакна дека постапката за ангажирање на 1,200 лица во здравството е во тек, а одредени болници веќе распишале конкурси.

Во врска со прашањето за дефицит на инсулинска терапија, Таравари изјави дека е во тек и процесот за набавка на инсулин. “Во тек е процедурата за набавка на инсулин.

Не дека недостасува насекаде, во одредени места недостасува. Но, генерално во целата територија, го има инсулинот. Се надевам дека многу бргу ќе кажеме и кој е добавувачот и набавката ќе заврши.”

“Меѓутоа, не е дека секаде нема. Некаде недостасува,” додаде министерот. Тој денес одби да коментира политички прашања.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде