Наташа Беквалац хоспитализирана! Пејачката се огласи од болница

Пејачката Наташа Беквалац ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи снимка од болнички кревет во приватна клиника.

На видеото се гледа како прима инфузија, а нејзината порака предизвика различни реакции кај фановите.

„Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за себе, своето здравје и својата убавина,“ напиша Наташа во описот на снимката.

Таа објасни дека ваквиот начин на внесување витамини ѝ помага не само за здравјето, туку и за одржување на физичкиот изглед.

Иако не откри точно за каква терапија станува збор, пејачката уште еднаш покажа дека внимателно се грижи за своето здравје и изглед.

За потсетување, Беквалац неодамна го прослави 18-тиот роденден на својата ќерка Хана, за што, според медиумите, потрошила 15.000 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде