Деталите од последните денови на Вал Килмер, откриваат дека неговото здравје било сериозно загрозено во последниот период.
Познатиот холивудски актер почина на 1 април 2025 година во Лос Анџелес на 65-годишна возраст, опкружен со семејството и пријателите.
Неговата ќерка Мерцедес потврди дека причина за смртта е пневмонија откако долги години се борел со ракот на грлото.
Здравствената состојба пред смртта
Шокантните детали од последните денови на Вал Килмер откриваат дека неговото здравје било сериозно загрозено. Според извори блиски до семејството, Килмер со години не можел да стане од кревет поради недостаток на енергија по лекувањето на ракот. Иако бил излечен, неговото тело едноставно не можело да ја продолжи борбата.
Неговото здравје значително се влошило во неделата пред смртта. Пријателите и семејството биле со него последните денови пред да почине. Килмер веќе бил хоспитализиран претходно оваа година, а изворите велат дека неговата смрт не била ненадејна – тој бил многу слаб во последните месеци од својот живот.